Јувентус силно во првиот меч на Пирло, Кулушевски со деби гол

од Vladimir Zorba
216 прегледи

Деветкратниот италијански шампион Јувентус ја отвори новата сезона во Серија „А“ со победа над Сампдорија од 3:0.

Овој триумф ќе остане запаметен по тоа што Андреа Пирло дебитираше како прв тренер на тимот од Торино.

„Стара дама“ лесно стигна до бодовите, а првиот гол во шампионатот го постигна летното засилување од Аталанта, Дејан Кулушевски.

Немаше нови голови се до 79-тата минута, кога Леандро Бонучи погоди по корнер и многу одбиени топки во казнениот простор на Џенова.

Кристијано Роналдо пак погоди во 88-та минута и со тоа ги постави конечните 3:0.

Слични содржини