Јувентус со понуда за Вернер

од Vladimir Zorba

Јувентус го контактирал Челси со барање за Тимо Вернер. Италијанскиот гигант сака да го земе напаѓачот на позајмица.

РБ Лајпциг и Њукасл се, исто така, заинтересирани за германскиот репрезентативец, кој сака да игра редовно во пресрет на Светското првенство.

Вернер не успеа да го заземе стартното место во Челси и има 23 гола на 89 натпревари откако пристигна на „Стемфорд Бриџ“. Неодамна го изрази своето незадоволство што не игра редовно, што го налути Томас Тухел, кој одговори дека играчот не заслужува да игра.

Огромната плата на Вернер од 275.000 фунти неделно го прават многу тешко да се продаде, но заминувањето е пореална опција. Челси е подготвен да се раздели со него, но Тухел сака негова замена.

Иако клубот потпиша со Рахим Стерлинг, опциите во нападот не се толку многу откако Ромелу Лукаку замина на позајмица во Интер.

Слични содржини