Јувентус започнува сериозни преговори за Паредес

од Vladimir Zorba
226 прегледи

Јувентус веќе е подготвен да започне сериозни преговори за привлекување на играчот од средниот ред на Пари Сен Жермен, Леандро Паредес, пренесува „Il Messaghero“. Аргентинецот долго време е во нишанот на „бјанконерите“, но клубот чекаше да се ослободи од еден од моментално достапните играчи за врска пред да упати конкретна понуда за него. Ова е веќе факт откако „црно-белите“ се разделија со Арон Ремзи во вторникот.

ПСЖ е подготвен да преговара за продажба на 28-годишниот играч. Се вели дека францускиот шампион е подготвен да го пушти со понуда од 20 до 25 милиони евра. На „Паркот на принцовите“ сакаат да направат простор за Ренато Санчез, кој се поврзува со трансфер во клубот.

Паредес е дете на Бока Јуниорс, но има сериозно искуство на терените во Италија, каде што ја започна својата кариера во Европа. Тој помина низ Киево, Рома и Емполи пред да се пресели во Зенит, а потоа и во Пари Сен Жермен.

За парижаните има 113 натпревари, 3 гола и 9 асистенции. Сепак, минатата сезона го загуби стартното место на „Паркот на принцовите“, со само 22 настапи во сите натпреварувања, а тоа е една од причините зошто ПСЖ сака да се раздели со него. За репрезентацијата на Аргентина има 44 настапи и 4 гола.