188
Јужноафриканскиот министер за правда Роналд Ламола изјави пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг дека Израел не презентирал докази против тврдењата на Јужна Африка дека врши геноцид врз Палестинците во Газа, пренесува „Спутник“.
„Државата Израел денеска не успеа да го побие убедливиот случај на Јужна Африка претставен вчера пред Меѓународниот суд на правдата. Ние стоиме на фактите, законот и сите докази кои ги поднесовме“, рече Ламола, додавајќи дека во светлост на одбраната на Израел денес, Јужна Африка и понатаму верува дека земјата постапува спротивно на Конвенцијата за геноцид, пренесе The Times of Israel.