Јужна и Северна Кореја ја обновија комуникацијата

од Vladimir Zorba
254 прегледи

Јужна Кореја и Северна Кореја ја обновија комуникацијата, а лидерите на двете земји се согласија да ја вратат довербата и да ги подобрат врските.

Севернокорејскиот државен медиум, КЦНА, објави дека сите меѓукорејски канали за комуникација биле повторно отворени во вторникот во 10 часот полокално време во согласност со договорот на лидерите.

Јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин и севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун размениле неколку писма од април и се согласиле да воспостават телефонска линија, соопшти канцеларијата на јужнокорејската влада.

Северна Кореја ја прекина таа „жешка линија“ во јуни 2020 година затоа што прекуграничните врски се расипаа по неуспешниот втор самит во февруари 2019 година помеѓу Ким и поранешниот американски претседател Доналд Трамп, на кој Мун се понуди да посредува.

Мун повика на закрепнување на „жешката линија“ и разговори, полагајќи големи надежи на американскиот претседател Џо Бајден за повторно започнување на преговорите насочени кон разбивање на нуклеарната и ракетната програма на Северна Кореја.

Слични содржини