306
Јужна Кореја тестираше стратешка балистичка ракета „море-земја“, сопствено производство, објави денеска јужнокорејската новинска агенција „Јонхап“. Тестот беше минатата недела со нова, исто така локално развиена, подморница од 3.000 тони, опремена со шест вертикални цевки за лансирање, соопшти агенцијата, повикувајќи се на неименувани воени извори.
Ракетата е варијанта на „Hyunmoo-2B“, со дострел од 500 километри. Планирано е да се произведе во голем број по дополнителен круг тестови.
„Јонхап“ наведува дека тестовите на новите проектили треба да придонесат за подготвеноста на Сеул во одбраната против Северна Кореја.