160
Јужна Кореја денеска најави финансиска помош од 520 милијарди вони или 394 милиони долари за Украина за 2024 година, што е осум пати повеќе од оваа година.
Пакетот помош вклучува 98 милиони долари за реконструкција, близу 200 милиони долари преку хуманитарна помош и уште 98 милиони долари преку меѓународни организации, според предложениот буџет на Јужна Кореја за 2024 година, пренесуваат британските медиуми.
Претседателот Јун Сук-Јол најави и зголемување на официјалната помош за развој на Јужна Кореја за стратешките области, кои ги вклучуваат азиско-пацифичкиот регион и Африка, од 1,4 трилиони вони на два трилиони вони, или 1,51 милијарди долари.