159
Јужна Кореја денеска најави финансиска помош од 520 милијарди вони или 394 милиони долари за Украина за следната година, што е осум пати повеќе од оваа година.
Пакетот помош вклучува 98 милиони долари за реконструкција, речиси 200 милиони долари преку хуманитарна помош и уште 98 милиони долари преку меѓународни организации, според предлог буџетот на Јужна Кореја за 2024 година, пренесува „Ројтерс“.
Во јули, претседателот Јун Сук-Јол објави дека неговата земја ќе обезбеди „голем обем на воени резерви“ оваа година, без да даде дополнителни детали.