157
Јужна Кореја денеска потпиша договор со Украина, со кој се обезбедува пакет финансиска помош од 130 милиони долари за оваа земја разурната од војна.
Првата дама на Украина, Олена Зеленска, во вторникот како специјален претседателски пратеник се сретна со претседателот на Јужна Кореја, Џун Сук-јеол, соопштија од кабинетот на јужнокорејскиот претседател.
Министерството за финансии на Јужна Кореја соопшти дека министерот Чу Кјунг-хо и украинската министерка за економија Јулија Свириденко, кои присуствуваа на состаноците на делегацијата во Сеул, потпишале договор за пакет кој ќе се состои од донации за помош и заеми, пренесува „Ројтерс“.