Јужнокорејскиот министер за одбрана во телефонскиот разговор на 8 април со неговиот украински колега Алексеј Резников повтори дека испораката на оружје за Украина ќе биде проблематична, изјави денеска портпаролот на корејското Министерство за одбрана Бо Сунг Чан.
Според портпаролот, министерката Су Вук појаснила дека постојат ограничувања за обезбедување на смртоносно оружје за Украина, со оглед на безбедносната ситуација во Јужна Кореја и нејзиното потенцијално влијание врз подготвеноста на армијата на земјата, пренесе ТАСС, цитирајќи ја агенцијата „Јонхап“.
Сеул претходно посочи дека испораките на смртоносно оружје за Украина се проблематични и дека наместо тоа, во март оваа година јужнокорејското Министерство за одбрана испратило шлемови, оброци, ќебиња, медицински комплети и шатори во вредност од 804.000 долари во Киев, пренесе руската агенција.