Јужна Кореја: Северна Кореја произведува оружје за Русија

од Stefanija Kuzmanovska
259 прегледи

Министерот за одбрана на Јужна Кореја, Шин Вон-сик тврди дека Северна Кореја произведува оружје и муниција за Русија и дека фабриките работат со полн капацитет, пренесува Си-Ен-Ен. Шин тврди дека пратките со оружје и муниција се доставуваат во Русија во замена за храна и други залихи.

„Фабриките за оружје во Северна Кореја, кои произведуваат стоки за други земји, работат со 30 отсто капацитет поради недостиг на суровини и електрична енергија, додека фабриките кои произведуваат оружје за Русија работат со полн капацитет“, пишува Шин.

Според извештајот објавен од министерството за надворешни работи на САД, Северна Кореја од септември испорачала 10.000 контејнери со муниција и суровини во Русија.

Оружјето доаѓа во клучен момент за Русија, додека Москва спроведува офанзиви на бојното поле од 1.000 километри. На Русија ѝ е потребна нова опрема и муниција, бидејќи тоа е војна на исцрпување во која и двете страни секојдневно губат муниција.

Русија неодамна го зазеде градот Авдијевка, кој Украинците го вратија за време на летната офанзива. Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Авдијевка паднала затоа што украинските војници немале доволно муниција да ја одбранат. Зеленски наведе дека милиони би можеле да умрат доколку американските пратеници не го одобрат пакетот помош од 60 милијарди долари предложен од американскиот претседател Џо Бајден.

Слични содржини