Јужна Кореја: Уставниот суд ја прогласи за неуставна забраната за абортус

од desk2
145 прегледи

Уставниот суд на Јужна Кореја денеска ја прогласи за неуставна забраната за абортус во земјата по 66 години.

Седум судии гласа „за“, а двајца беа „против“, со што судот ја прогласи забраната за неуставна.

Од 1973 година, врз основа на посебен закон во Јужна Кореја беше дозволено да се направи абортус во случај на силување, инцест, болест кај мајката или наследни нарушувања на здравјето.