Јужна Кореја денес ја претстави својата кампања за вакцинирање на населението против коронавирус, а првите дози на вакцини ќе бидат распределени на приближно 200 домови за стари лица.
Според ЦНА, првите дози на вакцини „АстраЗенека“ ќе бидат дистрибуирани до работниците во домовите за стари лица и некои пациенти во тие институции.
Властите планираат утре да започнат вакцинирање на 55.000 здравствени работници во Ковид-болниците со 117.000 дози вакцини произведени од „Фајзер“ и „БајоНТек“ како дел од КОВАКС, меѓународна програма за вакцинирање.
И покрај дебатите за ефикасноста на вакцината АстраЗенека за стари лица, анкетите покажуваат голем интерес и кај оваа популација.
Некои здравствени експерти не веруваат дека оваа земја ќе може да се држи до амбициозниот план за вакцинирање на 10 милиони луѓе со висок ризик до јули, со цел да се постигне имунитет на стадо, што значи дека најмалку 70% од луѓето треба да бидат вакцинирани до крајот на ноември.