Јужноафриканскиот парламент гласаше за прекин на дипломатските односи со Израел

од Vladimir Zorba
181 прегледи

Парламентот на Јужна Африка денеска гласаше за прекин на дипломатските односи со Израел и затворање на амбасадата на земјата во Кејптаун поради зголемените тензии меѓу двете земји поради конфликтот меѓу Израел и Хамас.

Предлогот е усвоен со 248 гласа „за“ и 91 „против“, а за имплементацијата ќе одлучува владата на претседателот Сирил Рамафоса, пренесе „Ал Џезира“.

Рамафоса претходно изјави дека Јужна Африка верува дека Израел врши воени злосторства и геноцид во опколениот Појас Газа, каде што беа убиени илјадници Палестинци.

Слични содржини