Јужнокорејската влада ќе размисли за промена на терминот за водата која се испушта од Фукушима

од Stefanija Kuzmanovska

Јужнокорејскиот премиер Хан Дук-со изјави денеска дека владата на Јужна Кореја ќе размисли за промена на терминот кој се користи за испуштање вода во океанот од оштетената јапонска нуклеарна централа Фукушима.

Јужнокорејската влада го користи терминот „загадена вода“, а Јапонија терминот „пречистена вода“.

Шефот на националното здружение на рибари на Јужна Кореја денеска пред парламентот се изјасни за користење на терминот „пречистена вода“ за да се поттикне консумацијата на морска храна, тврдејќи дека терминот „загадена вода“ предизвикува негативна реакција кај јавноста, и покрај фактот што водата претрпела процес на прочистување, објави „Јонхап“.

Минатиот четврток Јапонија почна да испушта во океанот повеќе од милион тони прочистена радиоактивна вода од уништената нуклеарна централа Фукушима, а процесот, според најавата, ќе трае околу 30 години.

Јапонија доби одобрение од Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA), но тоа наиде на остри критики од Кина, која забрани секаков увоз на морска храна од Јапонија.

Слични содржини