Кабинетот на Пендаровски информиран дека се бара враќање на едно возило што го користи претседателот

од Nikola Popovski
152 прегледи

Информирани сме дека постои интерен допис во чии рамки се бара враќање на едно возило кое го користи претседателот. Не знаеме кој е мотивот за ваквиот допис, но напоменуваме дека безбедноста на претседателот е законска обврска на МВР, велат од Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски во врска со барањето на техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев да се вратат 35 службени возила претходно распределени од техничкиот премиер Оливер Спасовски во повеќе институции.

-ВМРО-ДПМНЕ повторно и упорно ја манипулира јавноста со лажни вести и информации, а од друга страна е кристално јасно дека една политичка партија нема механизми за докажување какви било злоупотреби, па ниту злоупотреби на возила, реагираше денеска СДСМ.

Во врска со одлуката за прераспределба на полициски службеници, СДСМ нагласува дека Чулев ја доведува во опасност безбедноста на границата, на највисоките државни претставници, како и на амбасадите во земјава.

Дополнителниот заменик-министер во МВР, Славјанка Петровска вчера преку соопштение најави дека ќе поднесе кривични пријави до надлежното обвинителство против Чулев, поради, како што наведе, несовесно и нестручно работење

Слични содржини