Одговарајќи на „фрлената ракавица“ од потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, кој во во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија во понеделникот праша „праша дали Стево Пендаровски ја донираше разликата од својата покачена плата и каде“, денеска со реакција излезе кабинетот на престедателот Пендровски, во која се вели:
„Претседателот Стево Пендаровски и сопругата со години наназад донираат од своите лични примања на граѓани кои имаат потреба од материјална помош.
Од денот кога платите на избраните и именуваните лица се покачија за 78%, претседателот Пендаровски како што вети, секој месец донира средства од својата плата.
До овој момент имаме прецизна евиденција за донирана сума во висина од над 500.000 денари за лекување на наши сограѓани, поддршка во обезбедување на здравствени услуги и медицинска терапија, помош на лекување на наши сограѓани во странство, образовни алатки и учебни помагала за ученици, компјутери за ученици, поддршка за матуранти, плаќање на режиски трошоци и други средства за социјално ранливи граѓани. “
Освен тоа, тие му упатија и две бонус прашања на Николоски:
– Дали тој како пратеник на ВМРО – ДПМНЕ има донирано барем еден денар од неговата за 78% зголемена плата и кому? и
– Дали знае дали кој било пратеник на ДПМНЕ, градоначалник на ДПМНЕ или директор на јавно претпријатие од редовите на ДПМНЕ имаат донирано дел од својата плата од моментот кога им е зголемена за 78%, колку и кому?