Кабинетот на претседателката Османи реагира на АЦВ: Северна Македонија ги прекрши меѓународните правила

од Илинка Илиоска
91 прегледи

Претседателството на Косово повторно реагираше реагираше откако Агенцијата за цивилно воздухопловство на Северна Македонија утврди дека аеродромските служби одговорни за безбедносни проверки постапувале според меѓународните прописи.

Во реакцијата на Претседателството се наведува дека во ниту една земја во светот од шефот на државата не се бара да го предаде телефонот на скенирање.

„Во ниту една земја во светот од шефот на државата не се бара да го предаде својот телефон на скенирање. Во другите земји не се проверува ниту личниот багаж ниту личната торба на шефот на државата, а камоли личниот телефон. Како Претседателство имаме доволно искуство и со други патувања, нема потреба да го пробаме, бидејќи никаде, никогаш, ниту личната торба, ниту куферот (личен багаж) ниту телефонот на шефот на државата. подложени на контрола“, соопшти Претседателството.

Оттаму додадоа дека Северна Македонија е единствената земја во светот која одбива да го применува „ меѓународното право и меѓународните конвенции поврзани со шефот на државата“.

Претседателството нагласи дека нема ништо професионално во водењето на обезбедувањето. Соопшти и дека претседателтката Османи по инцидентот не се вратила преку скопскиот аеродром бидејќи нема основни безбедносни услови.

„Како што неколку пати изјавивме, претседателката и ја провери чантата и го помина скенерот. Секоја друга изјава е пропаганда за политички цели. Нема ништо професионално во однесувањето на обезбедувањето кое оди до шеф на држава и му го блокира движењето откако ќе ја стави чантата во скенерот. РСМ ги прекрши меѓународните правила кои важат насекаде во светот со барање да се скенира телефонот на претседателот на друга земја, што би претставувало потенцијално нарушување на националната безбедност. Претседателката не се вратила на Косово преку скопскиот аеродром и ја сменила маршрутата за патување, бидејќи нејзиниот тим за обезбедување оценил дека по вртоглавата пропаганда ги нема ниту основните безбедносни услови за такво нешто“, се вели во реакцијата.

Слични содржини