Кабул: Бројот на жртви од бомбашкиот напад на џамијата се искачи на 21

од Stefanija Kuzmanovska
189 прегледи

Во бомбашки напад на џамија во авганистанската престолнина Кабул за време на вечерната молитва загина 21 лице, а уште 33 се ранети, соопшти денеска полицијата.

Во нападот загинал и истакнат исламски старешина, а меѓу повредените има и неколку деца, пренесоа агенциите повикувајќи се на полицијата и очевидци.

Локалната терористичка организација Исламска држава ги засили нападите врз талибанците и цивилите откако тие ја презедоа власта во август минатата година, во време кога американските и трупите на НАТО беа во завршна фаза на повлекување од земјата.

Слични содржини