Продолжува евакуацијата од аеродромот во Кабул. Забранети се сите цивилни летови. Специјален Боинг РЦ-135В лета над аеродромот.
Авионот има задача да ги извидува и следи сите радио комуникации, бидејќи по хаосот што настана по падот на Кабул во рацете на Талибанците, најголемиот аеродром во Авганистан остана без помошта од контролорите на летови.
Сега специјален американски авион ги следи сите радио комуникации, но и телефонски разговори на Талибанците, членовите на ИСИС, Ал Каеда и други милитантни групи.
Исто така, владата во Авганистан по повлекувањето на меѓународните трупи предводени од САД се уште не е воспоставена и никој не знае што ќе се случи следно.
Талибанските лидери се обратија до јавноста и во таа прилика дадоа бројни ветувања, како што се дека ќе ги амнестираат сите „предавници“, дека нема да се одмаздат, дека жените можат да бидат во владини структури, и дека „девојчињата можат да одат на училиште“.