Владејачкото талибанско движење им нареди на локалните телевизиски канали во Авганистан да се погрижат водителките да си ги покриваат лицата додека се на екранот, што дополнително ги ограничува правата на жените во таа земја, и покрај глобалниот бес.
Авганистанските медиуми потврдија дека добиле декрет од Министерството за порок и доблест, кое е задолжено за толкување и спроведување на талибанската верзија на исламскиот шеријат.
Портпаролот на министерството, Акиф Садик, потврди за „Гласот на Америка“ дека на сите домашни медиуми во Кабул им е наредено да забранат женски персонал да се појавува во програмата, освен ако не им се покриени лицата.