Израел трајно ќе ја анектира Газа доколку Хамас продолжи да одбива да ослободува заложници, предупреди денеска израелскиот министер за одбрана Израел Кац.
„Колку подолго Хамас продолжува да одбива да ги ослободи заложниците, толку повеќе територии ќе загуби“, рече Кац, но тој не даде никаков рок.
Анкетата објавена од израелскиот весник Марив покажува дека 38 отсто од испитаниците се за анексија на Појасот Газа доколку затворениците не бидат ослободени, пишува „Блумберг“.
Претходно денеска, израелскиот Врховен суд издаде налог за привремено запирање на отпуштањето на директорот на „Шин Бет“, Ронан Бар, што дури ни владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху не можеше да се обиде да го оспори.
Големи протести се планирани за сабота навечер и в недела во Тел Авив, а Бизнис форумот, група од 200 големи компании, се закани дека ќе ја затвори економијата доколку владата не го почитува судскиот налог.
Организацијата што ги претставува технолошките компании и фондовите за ризичен капитал ја предупреди владата на штрајк, а Хистадрут, синдикатот, рече дека владата треба да дејствува во согласност со судската одлука.
Владата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху едногласно гласаше за разрешување на Бар.
Последниот работен ден на Бар е закажан за 10-ти април, а разрешувањето ќе биде забрзано во однос на првично планираниот датум, 20-ти април, иако од канцеларијата на Нетанјаху наведуваат дека Бар може да биде разрешен пред тој рок доколку министрите одобрат назначување на нов шеф на агенцијата, пренесува Танјуг.