Божиќниот венец е традиционален за празничната декорација. Дури и имаме неколку – различни по стил и големина, за секоја соба и различна употреба. Каде можеме да ги закачиме и како да ги користиме? 
На влезната врата
Гледајте да не е многу скап, за да не ви го украдат; и да не е многу тежок – зашто нема да издржи селотејпот. Може да се стават помали венчиња на секоја соба во вашиот дом. Венците за вратата не е задолжително да се симетрично украсени – може декорацијата да е само во едната половина на кругот. За градината направете едноставен венец украсен со топки / конуси и мали играчки или исечени од хартија звезди, снегулки и животни.
Во бањата / тоалетот на ѕидот
Зошто не – празничното расположение да е секогаш со вас!
На масата како декорација за свеќа
Многу често божиќниот венец ја краси масата во дневната соба или трпезаријата и на неа ставаме голема свеќа. Внимавајте на стилот на венецот и бојата на свеќата. Ако венецот е многу шарен и богат – со суво овошје, ореви, конуси и венци, нека свеќата биде во неутрална боја. И обратно – ако венецот е едноставен – свеќата е светла. Божиќниот венец за маса е добро да биде симетрично украсен низ целиот круг.
На масата како декорација за сад со ореви
Наместо свеќа, внатре во кругот ставете сад со ореви и суво овошје.
Божиќниот венец е одличен подарок за пријатели, роднини и колеги – симболичен и добар спомен и ќе се користи неколку години.