378
Двојниот оскаровец Бен Афлек во неделата го прослави својот 49 -ти роденден со своите деца во населбата Пацифик Палисад во Лос Анџелес, пренесуваат странските медиуми.
Бен од десетгодишниот брак со Џенифер Гарнер, кој дефинитивно се распадна во 2018 година, ги има ќерките Серафин и Виолет и синот Самел.
Минатата недела, ТМЗ објави дека Афлек може да планира патување надвор од градот со неговата поранешна вереница Џенифер Лопез, со која првпат се забавуваше од 2002 до 2004 година.
Таканаречениот Бенифер последен пат бил виден на вечера во Западен Холивуд.