Каде е Сергеј Шојгу? Руска тв објави ВИДЕО од „исчезнатиот“ министер

од Nikola Popovski
231 прегледи

Руска телевизија прикажа снимка од наводен состанок на рускиот Совет за безбедност на кој присуствуваа високи функционери, меѓу кои и министерот за одбрана Сергеј Шојгу, кој со денови не е виден во јавноста.

Шојгу последен пат беше виден во јавноста на 11 март, а се појавија гласини дека е болен, па дури и уапсен.

Претходно, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави за новинарите дека Путин денеска ќе одржи состанок на Советот за безбедност.

На прашањето каде е министерот за одбрана, Песков тогаш рече дека „има многу работи за кои се грижи, воена операција е во тек и нема време за медиумски активности“.

Слични содржини