Каде и каква ќе биде Исламска држава за една година?

од Vladimir Zorba
94 прегледи

Исламската држава, терористичка организација која си прогласи калифат, успеа за неколку години од една мала група на бунтовници да се претвори во голема и опасна организација која секој ден прави страшни злосторства. Терористичките напади од кои не се поштедени западните земји или пак западните туристи ја направија ИД најопасната организација на светот. Но, каде ИД всушност може да биде за една година од сега?isis3

Independent.co.uk дава преглед на позициите кои се движат од оние кои сметаат дека нивната моќ во меѓувреме може да се намали до оние кои сметаат дека ИД ќе стане помоќен од било кога. Сепак, сите тие имаат заедничко основно мислење: ИД и наредното лето се со нас.

“Нивните луѓе се гладни и болни, тоа ќе ги успори”

Даниел Келер, директор на германскиот Институт за радикализација и де-радикализација (Girds): “Исламската држава ќе се трансформира во една организација слична на Ал-Каеда, каде идеологијата на џихадот ќе се преструктуира во глобални рамки и фокусот ќе биде одвлечен од внатрешниот непријател (Сирија, Ирак, …) на далечниот непријател (САД, Европа) и нивните тактики ќе се претворат во меѓународен тероризам. За ИД сепак, не постои можност за долг рок да ги проширува своите активности во светот, бидејќи тие не се толку финансиски силни, тие немаат јасно дефинирани надлежности, веќе се борат со болести и глад. Голем дел од населението страда под нивна окупација, иако има примери на онакви кои не ја сакаат ирачката влада. Сепак, ова ќе се промени, бидејќи ИД не може да ги обезбеди сите основни потреби. Курдските и ирачките сили ќе продолжат со борба против ИД на теренот. Таа, исто така ќе се фокусира на Сирија, бидејќи има напади кои имаат посилен ефект. Единствената шанса да преживее ИД на долг рок е да се конвертира во глобална развиена мрежа. “isis2

 

“Веќе функционира како држава, а имаат и неофицијални следбеници”

Фарах Пандит, професор на политички науки на Харвард и поранешен претставник на експерти од муслиманската заедница од владата на САД: “Ако се погледне напред, овој пат за една година, мислам дека сето тоа навистина зависи од раководството на државата и анти-државните актери. Можеби и двајцата имаат иста позиција на теренот, но јас сум многу загрижен за нивната виртуелна моќ. Виртуелна затоа што различни организирани војски ќе продолжат да бидат активни во барањето да им помогне на ИД, и ќе продолжат да постојат такви групи кои што се инспирирани со радикалната идеологија. Во моментов можеме да видиме Исламска држава која почнува да постои како функционална држава, која собира даноци и создава сопствени закони, иако имплементацијата се базира на ужасни и брутални методи. “isis1

“Тие сакаат да остават впечаток дека ќе се зајакнат, дека ќе ги шират своите граници.

Чарли Винтер, аналитичар во тинк-тенк „Квилијам“: “Сето тоа зависи од она што се случува со војската, но она што може да се очекува е дека ИД ќе се шири во светот со текот на времето. Минатата година во овој период беше многу полесно да се разберат нивните идеи и она за што тие се борат, кога тие беа фокусирани само на Сирија и Ирак. Но, сега тие се шират, на пример, во Африка. Очекувам дека тие може да се прошират и на Индонезија и на Филипини, а тоа би можело да се случи веќе следниот месец. Она што можеби ќе се обидат да направат е да дадат впечаток дека, секако, ќе се прошират и зајакнат. На тоа ќе работат за да бидат во можност да направат добар впечаток пред меѓународната заедница. “isis4

“Со иста јачина и големина, но во различни места”

Хасан Хасан е еден од основачите на Исламската држава: “Исламската држава за една година од сега, ќе биде како што е денес, и во зависност од понатамошните дејствија е можно на некои места да ги намали своите способности. Но, секако, можно е да се сврти и да се прошири во други области како што е централна Сирија. До крајот на следната година ИД, најверојатно, ќе ја задржи истата сила и големина, само можеби не во иста форма. “isis5

“За една година се со нас, освен ако не направат голема грешка”

Д-р Наташа Андерхил, експерт за тероризам на Блискиот Исток и од Универзитетот во Нотингем: “Организациите како ИД имаат тенденција да станат екстремни и брутални, дури и кон оние кои ги прифаќаат нивните радикални гледни точки. Се чини дека ИД станува посилна од минатата година, а радикалистите во целиот свет продолжуваат да ја поддржуваат, и тие се подготвени дури и да го жртвуваат својот живот. Освен ако организацијата не направи голема грешка, тие би биле со нас за една година во ова време.