Каде ќе се преселат Барак и Мишел Обама по демисијата од Белата куќа

од Vladimir Zorba
137 прегледи

 

Претседателот  Барак Обама и неговата сопруга Мишел ќе мора да ја напушти Белата куќа по неколку месеци, кога ќе поминат изборите за нов претседател во САД.AP_white_house_evacuation_sk_140919_16x9_992

Според весникот The New York Times Барак и Мишел веќе пронашле нов дом во Вашингтон, каде што ќе живеат додека малата ќерка – 15-годишната Саша са заврши гимназија.

Елегантната идна куќа на семејството се наоѓа на само три километри од Белата куќа во елитниот кварт на американската престолнина – Калорама.

Сопружниците Обама, нивните две ќерки и четирите кучиња ќе живеат во објектот, кој се проценува на 6 милиони долари, изнајмување за сума од 22 илјади долари месечно.

Куќата  располага со девет спални, осум бањи, фитнес сала, градина, гаража за неколку возила, простории за скаладирање и др.

Освен тоа во објектот има место, односно просторија каде што ќе може да има обезбедување и   стациониран тим на тајните служби, бидејќи сите американски претседатели  се обезбедувааат и по напуштањето на должноста.