Каде Путин ќе ги дочека новогодишните и божиќни празници?

од Nikola Popovski

Рускиот претседател Владимир Путин ќе ја дочека Новата година со семејството и пријателите, како и секоја година, објави неговиот портпарол Дмитриј Песков.

Шефот на државата традиционално ќе им се обрати на граѓаните на Русија на 31 декември. Првите кои го видоа неговото денешно новогодишно обраќање се жителите на Анадирја и Петропавловск-Камчатски, каде што Новата година започнува во 13 часот по средноевропско време.

И покрај тешката епидемиолошка состојба во Русија поради епидемијата на вирусот корона, се очекува претседателот да не се откаже од традицијата на славење Божиќ во еден од руските региони. Песков пред новинарите изјавил дека Путин планира патување.

Слични содржини