„Каде се документите?“: Абазовиќ го обвини Ѓукановиќ за шверц, па стана хит на социјалните мрежи (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
192 прегледи

Видеото на техничкиот црногорски премиер Дритан Абазовиќ крена бура на социјалните мрежи.

Споменатата снимка е направена на неодамна одржаната седница на собраниската Комисија за безбедност, на која беа сослушани Абазовиќ и други политички актери. Во еден момент извика „каде се документите“, а снимени се и реакциите на министрите Рашко Коњевиќ и Ранко Кривокапиќ.

На седницата присуствуваа и министрите за одбрана, полиција и за надворешни работи – Рашко Коњевиќ, Филип Аџиќ и Ранко Кривокапиќ, како и поранешниот директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) Саво Кентера.

Абазовиќ на седницата ги обвини Коњевиќ и Кривокапиќ, како и Мило Ѓукановиќ дека нивните политички партии се финансирани од кланови кои се занимаваат со шверц на цигари.

Овие обвинувања не останаа без одговор, па министерот Коњевиќ посочи дека директно одговорен за шверцот е поранешниот директор на Царинската управа Раде Милошевиќ, а тоа го знае и премиерот.

Наводите на Коњевиќ ги потврди и Саво Кентера, посочувајќи дека пред неколку месеци го информирал Абазовиќ за ризичните контакти на Милошевиќ, но дека никој не реагирал на тоа.

 

Слични содржини