Над 50% од глобалната продажба на нови автомобили се реализира во само три земји, објави Агенцијата focus2move. Најголемите пазари во светот се Кина, САД и Јапонија. Во 2015 година во овие три земји се продадени над 48,5 милиони нови автомобили, или 52,6% од сите продадени во текот на годината.

Во Кина бројот изнесува околу 25 милиони, на САД отпаѓа 18,5 милиони., а на Јапонија – 5 милиони возила. Со една позиција нагоре на место 4 се искачи најголемиот пазар во Европа – Германија со 3,44 милиони продадени автомобили. Следната позиција е за Индија (3,42 милиони продажби), која исто така се искачува со една позиција нагоре во однос на претходната година. Во топ 10 се наоѓаат уште Британија (искачување 3 места), Бразил (пад од 3 места), Франција (без промена ), Канада (искачување 3 места) и Јужна Кореја (искачување 3 места).
Значителен пад – од 7-мо на 12-то место, забележува пазарот на Русија, кој преживеа сериозна криза во текот на годината. Во моментов статистиката сеуште не е финализирана, бидејќи недостигаат податоци за најмалите пазари. Собраните информациите сепак е доволно за да може да се објави дека 2015 е рекордна година по бројот на продадени нови автомобили, се вели во пораката од focus2move.
Светските продажба на нови автомобили во текот на годината достигнува 89,4 милиони. (патнички + комбиња), или за 2,3 отсто повеќе во однос на 2014 година.