Каде згреши Западот со Русија

од desk3
113 прегледи

Година по анексија на Крим во јавниот простор продолжуваат да се водат вистински интерпретационни битки. Кој е во право: Русија или Западот? Еден германски историчар ги посочува грешките направени од Европејците.

0,,17623786_303,00

Според германскиот историчар проф. Јерг Баберовски кој добро ја познава Русија, грешките направени од Европа во руско-украинската драма, биле пресудни за случката на украинска земја. Набргу откако Русија го анектира Крим, проф. Баберовски го изјави во интервју за Дојче Веле следново: “Веќе никој нема доверба никому. Демонстрантите го изгонија избраниот претседател, на Крим ги прекршија законите. Во Украина секој прави што сака и сите го прекршуваат уставот. Така и ќе биде, откако никој нема доверба никому. Еве, за овој проблем јас не гледам решение “.

Скоро една година подоцна Баберовски е убеден дека она што се случило во Украина целосно го потврдува неговиот тогашен песимизам:

Како дојде дотука

0,,17574134_401,00

Додатното ткиво меѓу ЕУ и Русија се распадна. На санкциите се возвраќа со санкции и воопшто не е јасно каде ќе доведе сето тоа. На Запад едноставно не сакаат да разберат колку важна беше загубената империја како за елитите, така и за мнозинството руски граѓани. Русија, пак, не разбира дека од гледна точка на Западот обидот да се опорави мултинационалната држава изгледа како голема закана. За Европа во Москва во последно време се зборува единствено со презир. Не само политичарите ги обвинуваат к ЕУ и НАТО во двоен морал. Кога го бомбардираше Белград и влезе во Ирак (сè со кршење на меѓународното право), Алијансата лаконски објасни дека ги заштитува човековите права и ги гони терористите, повторуваат во Москва. И потсетуваат дека во исто време Русија ја обвинуваат заради кршење на меѓународното право, иако всушност таа се обидува само да ја поправи штетата од самоволието во 1991 година. Руската пропагандна машина работи со полна брзина и шири слики и интерпретации кои не оставаат простор за сомнеж во фер мисијата на Москва.

Но, како дојде до овој судир? Причините се очигледни: од дното е оживеа руското царско размислување кое доби поттик од соборувањето на украинскиот претседател Јанукович. Кога соопшти дека нема да ја потпише Спогодбата за асоцијација со ЕУ, Виктор Јанукович ја постави против себе прозападна интелигенција во Украина, која во никој случај не сакаше земјата повторно да се врати во пазувите на руската империја. Асоцијација со ЕУ и ветуваше на Украина вклучување во севкупниот економски простор и во системот за колективна безбедност. Во Москва, меѓутоа, беа убедени дека ова е всушност обид на Западот да ја прошири својата сфера на влијание на територијата на поранешниот Советски Сојуз.

Грешките на Европа

Всушност по прашањето можеше да се постигне договор, доколку владите во Европа не зазедоа страна во украинската борба за власт, зацврстувакќи ги на тој начин сите стравувања на Путин. Тие едноставно не ја оценија сериозноста на ситуацијата и одлучија дека интелектуалците, кои излегле на Мајдан, се всушност оние на кои ја турнаа власта во Украина. А требаше да знаат дека револуцијата на Мајдан не ги изразува чувствата на целата земја. Точно е дека дури и на полуостровот Крим и во источна Украина веќе речиси никој не го поддржуваше соборениот Јанукович, но истовремено малкумина во овие два региона се идентификуваа со промените во Киев и со прозападна ориентација на новите властодршци. И откако еден претседател може да биде соборен по волјата на улицата, тогаш зошто истото да не е можно на Крим и во источна Украина? – прашуваа овие луѓе. Така настана едно спонтано движење што во прво време не сакаше ништо друго, освен самостојност и автономија во рамките на Украина. Во наредните недели, сепак тоа се обедини со империјалистичките амбиции на Владимир Путин. Токму тој успеа да го пополни вакуумот кој го создадоа западните политичари, лишени од секаков историски талент. Така Путин одеднаш се покажа како адвокат на сите оние луѓе кои се уште не се изедначуваат со империјата, но веќе не се изедначуваат и со украинската национална држава и не сакаа да бидат губитници во една револуција, која не беа ја посакале.

Големата болка: распадот на империјата

По крајот на Советскиот Сојуз милиони советски граѓани станаа малцинства или жители на автономни региони под управување на нови властодршци, кои тие самите не ги избирале. Сите оние милиони луѓе имаа чувство дека веќе живеат во странска земја и не разбираат зошто им се случува сето ова. Овој ефект го гледавме и на Крим, и во источна Украина, и во Грузија, Азербејџан, Молдавија и Казахстан. Распадот на империјата беше национално понижување не само за Русите. Абхазијците и Осетијците, Ерменците и Азербејџанците, Евреите и руските Германци одеднаш мораше да се адаптираат во една сосема нова реалност која ги беше претворила во странци во сопствениот дом. Она што за едни беше независност, за други се покажа страдање.

Јерг Баберовски е професор по историја на Источна Европа во Хумболтскиот Универзитетот во Берлин. Во 2012 година ја доби наградата на Лајпцишкиот саем на книгата за монографијата “Опожарени земјишта. Насилната власт на Сталин. “