Кадифена играчка спаси девојче, кое паднало од третиот кат во Колорадо Спирнг, САД.
Петгодишното девојче помина само со скршена рака. Според полицијата девојчето паднало од прозорецот, но за среќа, случајно тоа продолжило во падот да ја стиска омилената кадифена играчка и најверојатно таа го омекнала ударот со земјата, објасни британскиот “Мирор”.
А спасувачката играчка испадна популарно наречениот „мињон“ или херој од повеќекратниот филм “Јас одвратното” (Despicable Me). Мињоните (од англ. поданици) се суштества кои имаат нападна идеја да служат на најодвратната личност во светот.