Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров изјави дека следната задача во рамките на специјалната воена операција во Украина ќе биде ликвидација на преостанатите терористи кои некогаш побегнале од Чеченија.
„Оваа недела ја ослободивме целата територија на ЛНР. Тоа е, без сомнение, историско и судбоносно достигнување за Луганск, но за нас Чеченците операцијата се уште е далеку од завршена. Се надеваме дека ќе ни дадат дозвола, доколку е потребно, да стигнеме до Киев и да се пресметаме со терористите кои некогаш избегаа од Чеченија“, напиша Кадиров на Телеграм.
Тој додаде дека по тие терористи е распишана потерница и дека тие сега се наоѓаат во Киев.