Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров е крајно лут на портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.
Песков го налутил Кадиров затоа што не му честитал за унапредувањето кога минатата недела му беше доделен чин генерал-полковник, пишува британски The Times. Рангот му го додели лично претседателот на Русија, Владимир Путин.
Рускиот ТВ водител и патриот Иван Ургант коментирал дека Кадиров е „алфа мажјак на квадрат“ и дека Песков е „ништо“ во споредба со него.
Чеченскиот лидер ја заврши својата објава за Песков на Телеграм, велејќи дека „скалата за приоритет што ја постави Песков е неприфатлива и дека мора нешто да се преземе во врска со тоа“.
Пред Кадиров вака никој не го нападнал Песков, а чеченскиот лидер јавно го критикуваше преговарачот со Украинците Владимир Медински. Тој е човекот што Путин лично го избра.
Британски Тајмс споменува извор од руските безбедносни служби кој тврди дека Кадиров се осмелил да ги дискредитира шефовите на тајните служби бидејќи војната го охрабрила на тоа. Изворот смета дека е можно Путин да му дозволи на Кадиров да преземе дел од тие работни места.
Но, не сите мислат исто, па Татјана Становаја од Московскиот центар Карнеги не мисли дека тоа е реално. Таа наведува дека проблемот на Кадиров е за Кремљ, но дека Путин во моментов е премногу силен, па тоа не му е голем проблем.
Становаја смета дека Путин мора да го покани Кадиров во Кремљ и да му објасни кои граници не може да ги помине.
„Путин моментално е зафатен со други работи“, изјавила Становаја за Тајмс.
Таа додала дека голем број луѓе во руската елита сакаат да заврши војната, но дека во овој момент не може да се очекува дека ќе се преземе нешто по тоа прашање.