Кадиров ги нападна Шолц и Бајден: Едниот се однесува шизофренично, а другиот само диктира

од Nikola Popovski
212 прегледи

Рамзан Кадиров, лидерот на Чеченската Република, изјави дека Русија не се спротивставува на Украина, туку на НАТО алијансата.

„Денеска не се бориме против Украина, ние се бориме против НАТО. НАТО ги вооружува, таму се и нивните платеници“, рекол Кадиров за време на обраќањето на едукативниот маратон „Нови хоризонти“.

Кадиров додал дека „операцијата“ се одвива според планот, а ја споменал и германскиот канцелар како и американскиот претседател.

„Воената операција се одвива според планот. Германскиот канцелар Олаф Шолф се однесува шизофренично, додека американскиот претседател Џозеф Бајден му диктира сè на Западот, иако тој самиот ништо не разбира“, заклучил Кадиров.

Слични содржини