Кадиров има сериозен здравствен проблем?

од Stefanija Kuzmanovska

Азмат Матијанов, новинар од Казахстан, објави тврдења дека чеченскиот лидер Рамзан Кадиров наводно има сериозни проблеми со бубрезите.

Пред неколку дена се појави информација дека лидерот на Чеченија е во многу лоша физичка состојба и дека има сериозни здравствени проблеми, најверојатно проблеми со бубрезите, а потоа оваа информација ја презеде и Матијанов.

Познатиот нефролог со триесетгодишно искуство, Јасин Ибрахим Ел Шахат, веќе пристигнал во Грозни од ОАЕ, велат извори.

Ахмед Закаев, претставник на кабинетот на министрите на Ичир во егзил, тврди дека Кадиров долго време бил болен.

Други извори пишуваат дека Кадиров наводно бил отруен, а бидејќи не им верувал на московските лекари, решил да повика нефролог од ОАЕ.

Можно е Кадиров да го пропуштил годишното обраќање на Путин во Федералното собрание на 21 февруари 2023 година поради болеста. Уште тогаш во медиумите се појави информација дека тој се наоѓа на територијата на Обединетите Арапски Емирати.

Слични содржини