189
Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров денеска изјави дека ќе бидат вратени сите градови кои Русија ги загуби во контраофанзивата на украинската армија во областа Харков, и дека „ѓаволите на НАТО“ ќе бидат поразени.
Министерството за одбрана на Русија во саботата објави дека руските трупи од Балаклеја и Изум биле прегрупирани во правец на Доњецк со цел да се постигнат целите на специјалната воена операција за ослободување на Донбас.