Кадиров ќе ги затвора козметичките салони кои прикажуваат „несоодветни делови од телото“

од Vladimir Zorba
22 прегледи

Првата аптека со посебни услуги за мажи и жени е отворена во Чеченија, изјави чеченскиот лидер Рамзан Кадиров.

Кадиров на својот канал „Телеграм“ напиша дека во главниот град на Чеченија, Грозни, започна со работа првата аптека од синџирот „Дарба“, која обезбедува одделни услуги за мажи и жени.

Според Кадиров, во Грозни наскоро ќе бидат отворени уште 15 аптеки од тој ланец.

Во Грозни по извршениот увид затворени се 53 аптеки поради прекршоци, вклучително и неправилно чување на лековите, објави порталот „Медуза“.

Кадиров повика и да се затворат козметичките салони кои несоодветно се рекламираат, а во кои, како што наведе, „се прикажуваат делови од телото“.

„Козметичките салони објавуваат фотографии на социјалните мрежи на кои манекенките покажуваат делови од телото што не треба. Таквите салони мора да бидат затворени“, рече Кадиров.

Слични содржини