265
Лидерот на руската република Чеченија, Рамзан Кадиров, тврди дека руските сили и припадниците на милицијата на самопрогласената Луганска народна република влегле во центарот на Лисичанск, град во источна Украина, кој е сцена на жестоки борби во минатото.
„Лисичанск е наш! Сојузничките единици се веќе во центарот на градот!“, напиша Кадиров на својата Телеграма, пренесоа руските агенции.
Кадиров рече дека градот се расчистува од украинските единици, како и од мини-експлозивни направи, пренесува Интерфакс.
Претходно денеска Кадиров и претставникот на Народната милиција на самопрогласената Луганска народна република Андреј Марочко изјавија дека Лисичанск е целосно опколен и дека таму се блокирани украинските единици.