294
Рамзан Кадиров, шефот на руската република Чеченија, рано утринава изјави дека руските сили ќе започнат офанзива, не само на опколеното пристаниште Мариупол, туку и на Киев и други украински градови.
„Ќе има офанзива, не само во Мариупол, туку и во други места, градови и села“, рече Кадиров во видеото објавено на неговиот канал Телеграм, пренесе Ројтерс.
Тој најави дека прво ќе бидат ослободени Луганск и Доњецк, а потоа Киев и сите други градови.