Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров на својот Телеграм канал објави дека нова населба во градот Грозни ќе го носи името на рускиот претседател Владимир Путин.
„Запознаен сум со текот на работите во централниот дел на градот. Овде е започнат голем проект, а кога ќе се заврши ќе имаме нова населба. Ќе го носи името на нашиот народен лидер, најистакната политичка фигура на нашето време, претседателот Владимир Путин“, објави Кадиров на Телеграм, пренесуваат руските медиуми.
Кадиров навел дека населбата ќе се наоѓа на површина од над 200 хектари, пишува РИА Новости.
Покрај 130 станбени згради, има и повеќе од два милиони квадратни метри станбен простор, каде ќе се градат џамии, градинки и други објекти од социјалната инфраструктура.
„Одлуката да се именува новата населба во Грозни во чест на Владимир Путин е донесена како знак на длабоката благодарност на чеченскиот народ и желбата да се овековечи неговото име“, објави чеченскиот лидер.