Кадиров објави селфи со Путин: Лидерите се сретнаа во Кремљ

од Nikola Popovski
375 прегледи

Рускиот претседател Владимир Путин се сретнал со шефот на Чеченија, Рамзан Кадиров, во вторник, 27 јуни, признал пред новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Кадиров на социјалните мрежи објави фотографија од него и Путин, пишувајќи дека го информирал претседателот за „социјално-економската ситуација“ во републиката, „достигнувањата“ на регионот и неговите идни перспективи.

Објавата на Кадиров не кажува ништо за вооружениот бунт на Евгениј Пригожин или за улогата на чеченските вооружени сили во неговото задушување.

Евгениј Пригожин го започна својот „марш на правдата“ на 23 јуни. На 24 јуни, Кадиров остро го осуди тековниот бунт, нарекувајќи ги постапките на Пригожин „одвратно предавство“ и „нож во грб“ на државата. Неколку часа подоцна, чеченските формации биле забележани на пат кон Ростов на Дон, кој потоа бил окупиран од силите на Вагнер.

Самиот Песков не кажа ништо за агендата на средбата или за што разговарале Путин и Кадиров.

Слични содржини