Кадиров објави видео со застрашувачка порака: „Сонувам да умрам во оваа војна и јас и моите деца“.

од Destan Jonuzi
207 прегледи

Озлогласениот чеченски лидер Рамзан Кадиров објави ново застрашувачко видео во кое ги повика „сите муслимани и членови на кавкаскиот народ да започнат света војна“ во Украина. Тој порача и дека треба да ги испратат своите деца на бојното поле.

– Сонувам да умрам во оваа војна, и јас и моите деца – вели Кадиров во видеото.

– Мора да се борите, да ги браните интересите на пророкот и Куранот. Едноставно треба да ги земеме европските земји додека не клекнат на колена и не побараат прошка. Ова е света војна! Разбудете се, бидете муслимани, бидете мажи… Исправете се против тие чакали, фашисти и сатанисти – заклучува тој во видеото кое го снимил удобно „легнат“ на каучот.

Слични содржини