115
Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров изјави дека следната задача во рамките на специјалната воена операција во Украина ќе биде ликвидација на преостанатите терористи кои некогаш побегнале од Чеченија.
– Оваа недела ја ослободивме целата територија на Луганската Народна Република. Тоа е несомнено историско и судбоносно достигнување за Луганск, но за нас Чеченците, операцијата се уште е далеку од завршена. Се надеваме дека ќе ни дадат дозвола, доколку е потребно, да стигнеме до Киев и да се справиме со терористите кои некогаш избегаа од Чеченија – напиша Кадиров на својот канал Телеграм.
Тој додаде дека по тие терористи е распишана потерница и дека тие сега се во Киев.