Кадиров: Шојгу постави нови задачи за подобрување на тактиките во Украина

од Stefanija Kuzmanovska
247 прегледи

Рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, постави нови задачи во рамките на специјалната операција во Украина, што ќе го забрза нејзиното темпо, изјави денеска лидерот на руската република Чеченија, Рамзан Кадиров.

По вчерашната средба со Шојгу, тој на Телеграм напиша дека задачите што ги постави Шојгу вклучуваат подобрување на натамошната тактика.

Преземените мерки значително ќе ја зголемат ефикасноста на офанзивните маневри, што придонесува за спроведување на специјалната операција со побрзо темпо.

Слични содржини