Кадиров: Тие што пукаат кон жени и деца немаат ниту чест, ниту нација

од Nikola Popovski
313 прегледи

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров реагирал на трагедијата што се случи во Казан, потенцирајќи дека „терористите кои вперуваат оружје кон жени и деца немаат нација, ниту религија или чест“.

„Ова се болни луѓе, животни, водени само од желбата да убијат слаби и незаштитени. Убеден сум дека безбедносните сили ќе спроведат детална истрага за околностите на она што се случило“, напишал Кадиров на „Телеграм“.

Во пукањето, кое се случило во училиште во Казан, загинаа осум лица – седум деца и наставник, објави прес-службата на претседателот на Татарстан. Ова го потврди и Националниот антитерористички комитет. Претседателот Рустам Миниханов објави дека дванаесет деца и четири возрасни се хоспитализирани.

16 лица се пренесени во болница, од кои шест се во сериозна состојба.

Напаѓачот бил приведен.

Реагираше и рускиот претседател Владимир Путин, кој му наложи на шефот на Националната гарда, Виктор Золотов, итно да изработи нова регулатива за видовите оружја што се дозволени за цивилен сообраќај.

Според портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, наредбата е издадена „земајќи го предвид видот на оружје од мал калибар што го користел напаѓачот“ во Казан.

Слични содржини