257
Лидерот на руската република Чеченија, Рамзан Кадиров, коментирајќи ја изјавата на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека Украина е подготвена да се бори 10 години, оцени дека „за Зеленски се ќе биде готово за неколку дена“.
„Прочитав дека Зеленски изразил подготвеност да се бори 10 години. Немаме толку време, ќе завршиме со вас деновиве“, рече Кадиров во аудио снимката објавена на Телеграма, пренесе РИА Новости.
Кадиров препорача Зеленски да оди „кај својот постар брат Бајден и да се ракува“, алудирајќи на ситуацијата во која се најде американскиот претседател Џозеф Бајден минатата недела. Имено, откако го заврши говорот во Северна Каролина, тој се сврте надесно и ја подаде раката за ракување, иако во негова близина немаше никој.