„Опозицијата не понуди никакво соодветно решение. Доколку имаат соодветна опција за европскиот пат, чесно е да излезат пред граѓаните и да кажат дека „ние ќе го блокираме европскиот пат затоа што сметаме дека државата треба да се движи во друга насока. А од една страна велат „ние сакаме да одиме во Европска Унија, ама не сакаме вие да ги движите работите напред“, истакна пратеникот од редовите на СДСМ Дарко Каевски на „24 Анализа“ на ТВ24.
Тој додаде дека дипломатијата и надворешната политика која ја води владата преводена од СДСМ, ја внесе државата во НАТО, ги започна преговорите за ЕУ, се одржа првата меѓувладина седница, одлично напредува и треба да заврши скрининг процесот и дека сето тоа е доказ дека оваа власт ја движи државата напред.