Каевски: Мицкоски ги поткопа државните позиции во однос на Бугарија (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
222 прегледи

„Поткопани се државните позиции на Република Северна Македонија од страна на Христијан Мицкоски. На Конгрес на Европската народна партија каде што учествувал и Христијан Мицкоски усвена е Резолуција која во еден дел го поткрепува ставот на Бугарија“, изјави денеска на прес Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.

„Иако повикува на почеток на преговори во Резолуцијата е тврдењето дека не сме ги почнале преговорите со ЕУ затоа што не биле „постигнати опипливи резултати во однос на спроведувањето на билатералните договори со Бугарија.“

Мицкоски кој присустваше на Конгресот на којшто е усвоен овој документ воопшто не реагирал за овој дел од Резолуцијата со ставои на Бугарија.

Ако не реагирал, значи се согласува со напишаното. Прашање е дали гласал Мицкоски за Резолуција на ЕПП со ставови на Бугарија?“, прашува Каевски.

Слични содржини