Кафе или чај? Не е сеедно, бидејќи тоа зборува за вашиот карактер. Според една американска анкета, екстровертите се поголеми љубители на чајот, а интровертите уживаат да пијат кафе.
Студија на британскиот универзитет во Кардиф покажа дека кофеинот им помага на екстровертите да постигнат подобри резултати во работата, додека другите се поефикасни кога ја немаат споменатата супстанца во организмот.
Љубителите на кафе сакаат кучиња
Луѓето кои консумираат кафе преферираат кучиња, а оние кои пијат чај попрво ќе изберат мачка за свое милениче. Истражувањата покажуваат дека луѓето кои пијат чај се покреативни од оние кои претпочитаат кафе.
Кафето е поврзано со желбата да се ризикува!
Консумирањето кафе е поврзано со желба за сензација и склоност кон импулсивност и ризик, што значи дека љубителите на кафе најверојатно сакаат повеќе екстремни спортови и копнеат по нови искуства.
Кој пие чај спие подобро
Од друга страна, оние кои претпочитаат да пијат чај спијат подобро, додека луѓето кои не можат да замислат ден без кафе имаат проблеми со спиењето. Испитаниците кои претпочитаат чај, најверојатно додаваат шеќер во омилениот пијалок, додека вторите уживаат во горчливи голтки.